top of page

Љубомир Бранѓолица е несомнено еден од најплодните и најзначајни автори на XX век во македонската музика, не само во класичната, туку и во сите останати музички жанрови. Тој е автор кој по својот опус на создадени дела се вбројува меѓу најплодните автори на музичката македонска сцена. Тој е и најплоден автор на балетската музика кај нас. Автор е на забавни мелодии и на детски песни. Творец кој се јавува во речиси сите музички жанрови.

Тој е меѓу првите кој успеа да ги спои модерните хармонии со класичните хармонии и внесе нова свежина на тогашната сцена.

bra.png

Љубомир Бранѓолица е роден на 19.08.1932 година во Херцег Нови, Црна Гора. Со семејството тие живеат во Дубровник. Тој потекнува од музичко семејство. Неговиот дедо Томо бил тамбур мажор и основач на Цевтатскиот дувачки оркестар, а неговиот татко Милан во истиот оркестар свирел на тамбура милитаре (добаш) и неговиот чичко Рајко кој бил капелник и професор по музика во Требиње. Во текот на детството, Бранѓолица посетувал приватни часови по пијано. Во 1946 година тој добива стипендија и се запишува  во Военото музичко училиште во Загреб. Таму му даваат да свири на кларинет, но набргу се префрла на пијано и ударалки. Средното музичко образование го завршува во Риека. Тој тука постигнува одлични резултати и е еден од најдобрите ученици. Подоцна тој е сипратен во Белград каде се запишува на Музичката академија. На отсекот за пијано нема да биде примен, со што ќе се запише на теоретски оддел. По кратко време, не задоволен од стекнатото знаење се отпишува од Музичката академија. Во 1950 започнува да работи во Салонскиот оркестар при Домот на ЈНА во Белград. Со овој оркестар тој ја изведе неговара прва композиција  „ Интермецо“  за соло пијано и синфониски оркестар. Како воен службеник тој не смее да свири надвор од Салонскиот оркестар. Но поради ниските примања таму, тој мора да свири и приватно по кафани. Поради ова, тој ќе биде казнет и преместен од Белград во Куманово. Од 1954 работи во домовите на ЈНА во Куманово и Скопје. Во 1955 тој е добитник на наградата на Југословенската радио дифузија за делото „ Современа рапсодија “.  На 15.07.1956 година делото беше извено во стариот Македонски театар под диригенство на Тодор Скаловски и пијано партија – Ладислав Палфи. Од 1957 година е корепетитор во Балетот при Македонскиот народен театар. Тој тука се запознава со балерината Вера Божиновска , која подоцна му станува сопруга. Во 1959 се изведува премирата на  неговиот прв балетот „ Велеградски варијации“ . Потоа 1960 –вториот балет „Недоразбирање“, 1964 година „ Скопје 1963 “.Во 1965 балетот „ Аболиција“ во кореографија на американскиот кореограф Џин Нетлс. . Започнува да компонира и театарска музика, повеќе во вид на мјузикли : „ Џумбуш“ , ,Шекспирови приказни “ ,  „ Крал гол“ , „Солунски патрдии“. Подоцна добива статус на слободен уметник. Во 1967/8 година, се вработува во Македонската радио телевизија како продуцент, музички работник и уредник на Музичката програма на Македонската телевизија, каде работи се до неговото пензионирање.  Тој денес живее и твори  во Скопје.

 

Преку своите дела тој остави значителен белег во македонската музика во ХХ –иот и ХI –иот век.
 

Во историјата на македонската музика , Љубомир Бранѓолица ќе биде запаметен како македонскиот Гершвин.

Андреј Блажевски

автор на проектот

bottom of page